• петок, 27 декември 2024

Санкционирани 199 возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Санкционирани 199 возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за нерегистрирани возила..., се појаснува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан