• петок, 27 декември 2024

Санкционирани 194 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Санкционирани 194 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 8 до 14 јануари санкционирале 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 104 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оттаму посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ад/дма/

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан