• петок, 27 декември 2024

Санкционирани 179 возачи во Скопје, петмина од нив почетници

Санкционирани 179 возачи во Скопје, петмина од нив почетници

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за возач почетник, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..., се наведува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан