• недела, 24 ноември 2024

Санкционирани 175 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Санкционирани 175 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 4 септември 2023 ( МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, санкционирале 175 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 28 август  до 3 септември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор санкционирани се 92 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-За трајно решение на градскиот метеж и проблемот со неправилно паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа, ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат да ја  спроведуваат оваа мерка, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ. љм/са/

Фото: ЈП Паркинзи - Скопје

Остани поврзан