• недела, 28 јули 2024

Санкционирани 164 непрописно паркирани возила на територијата на Oпштина Центар

Санкционирани 164 непрописно паркирани возила на територијата на Oпштина Центар

Скопје, 8 август 2023 ( МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопјe во текот на една седмица санкционираа 164 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 31 јули до 6 август со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар. љм/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан