• петок, 27 декември 2024

Санкционирани 162 возачи во Скопје, 13 под дејство на алкохол

Санкционирани 162 возачи во Скопје, 13 под дејство на алкохол
Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 12 за возење без возачка дозвола и 13 казни за управување возило под дејство на алкохол.
 
Како што информираат денеска од МВР, изречени се и 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возач почетник...Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/сп/
 
 
 

Остани поврзан