• недела, 06 октомври 2024

Санкционирани 16 возачи на мотоцикли во Битола

Санкционирани 16 возачи на мотоцикли во Битола

Битола, 15 јули 2023 (МИА) - СВР - Битола на подрачје на  Битола денеска од 11 до 15 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи.

Од секторот за односи со јавност информираат дека 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран, како и останати прекршоци.

- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласија од СВР-Битола. мт/мд/

Фото: МИА архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан