• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 158 возачи за брзо возење

Санкционирани 158 возачи за брзо возење

Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.

Како што соопшти МВР, од казнетите возачи, 13 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР. вг/

Остани поврзан