• сабота, 27 јули 2024

Санкционирани 158 возачи во Скопје

Санкционирани 158 возачи во Скопје

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 12 за возење без возачка дозвола и 36 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Како што соопшти МВР, изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта. вг/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан