• среда, 27 ноември 2024

Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28 октомври до 3 ноември, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, веелат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан