• недела, 28 јули 2024

Санкционирани 134 возачи во Скопје

Санкционирани 134 возачи во Скопје

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан