• среда, 27 ноември 2024

Санкционирани 118 возачи на територијата на општина Струмица

Санкционирани 118 возачи на територијата на општина Струмица

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Вкупно 118 возачи се санкционирани во акциската контрола на територијата на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, што вчера во периодот од 16:30 до 23:00 часот ја спроведоа Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција, Бирото за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од нив, како што информира МВР, 35 се санкционирани за возење без возачка дозвола, пет поради измината важност на сообраќајната дозвола, 19 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан