• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 114 возачи на мотоцикли

Санкционирани 114 возачи на мотоцикли
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 19:00 до 00:00 часот,  во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 114 возачи. -Од нив, 78 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.ир/аа/

Остани поврзан