• понеделник, 18 ноември 2024

Санкционирани 11 возила за јавен превоз поради неисправност на територија на СВР Тетово 

Санкционирани 11 возила за јавен превоз поради неисправност на територија на СВР Тетово 
Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани се 11 технички неисправни возила (пет во Тетово и шест во Гостивар), од кои шест возила (ТЕ-4 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, три (ГВ) биле со неизвршен технички преглед, едно (ТЕ) со неисправен уред и едно возило (ГВ) не поседувало потребна опрема. Во контролата, соопштија денеска од МВР, биле констатирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-6) кои, исто така, биле заокружени со поднесоци и кои ќе се соочат со адекватни парични глоби. цр/хс/

Остани поврзан