• вторник, 24 декември 2024

Санкционирани 108 возачи за брзо возење на територија на СВР Тетово

Санкционирани 108 возачи за брзо возење на територија на СВР Тетово
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - По спроведена акциска контрола на СВР Тетово санкционирани се 108 возачи за брзо возење. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 27 возачи возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шестмина се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место. Против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави. свс/бак/

Остани поврзан