• среда, 25 декември 2024

Санкции за 231 возач на мотоцикли, одземени четири возила

Санкции за 231 возач на мотоцикли, одземени четири возила
Скопје, 19 август 2022 (МИА) - МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10 до 15 часот, била спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 231 возач. -Од нив, 168 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, 49 возачи се исклучени од сообраќај, четири мотоцикли се одземени, а санкционирани се и други прекршоци, соопштуваат од МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.ир/

Остани поврзан