• сабота, 23 ноември 2024

Санкции за кумановец за превоз на стока без лиценца

Санкции за кумановец за превоз на стока без лиценца

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Во близина на касарната Куманово денеска на пладне полициски службеници извршиле контрола на моторно возило, при што утврдиле дека возачот врши превоз на стока без лиценца, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска во близина на касарна Куманово околу 12 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца, наведуваат од Министерството.

Од МВР посочуваат дека за настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба во висина од 2.500 евра за правно лице и 750 евра за одговорното лице во фирмата, како и 1000 евра по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан