• вторник, 24 декември 2024

Санкции за двајца Руси и неколку ентитети за поткопување на демократските процеси во САД и други земји

Санкции за двајца Руси и неколку ентитети за поткопување на демократските процеси во САД и други земји
Вашингтон, 29 јули 2022 (МИА) - Министерството за финансии на САД преку канцеларијата за контрола на странски капитал (ОФАК), денеска воведе санкции за две лица и четири ентитети „кои ги поддржуваат злонамерните активности на Кремљ и мешање во избори“. Како што јавија од министерството, санкционираните лица и компании играле различни улоги во обидите на Русија да манипулира и врши дестабилизирачки активности во САД, кај партнерите и сојузниците, вклучувајќи ја и Украина. -Руската Федерација демонстрира одлучност во своите обиди за поткопување на демократските процеси и институции, кои се основни за функцоинирање на нашата и демократијата во други земји. За нашата и демократиите низ целиот свет критично е да има слободни и фер избори без мешање од страна, соопштија денеска од Стејт департментот. Се работи за лицата Александар Викторович Ионов, „потставено лице на ФСБ“ и основач на организацијата „Антиглобализациско движење на Русија“. Второ санкционирана е Наталија Валеревна Бурлинова, основач и претседател на „Центар за поддршка и развој на јавни иницијативаи на креативна дипломатија“. Според министерството, Бурлинова, затсткриена зад оваа организација со звучен назив е соработник на тајните служби на Русија. Против Ионов е покренато и обвинение од страна на Министерството за правда за активности на странско злонамерно влијание против САД. Други забранетите ентитети се и рускиот новостен сајт „Стоп империјализам“ и компанијата „ Ионов трансконтинентал“ со активности во Иран, Венецуела и Либан. кб/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан