• понеделник, 29 јули 2024

Саниран е патот од село Раец до село Ќесендре

Саниран е патот од село Раец до село Ќесендре
Кавадарци, 6 септември 2022 (МИА) - Саниран е патот од село Раец до село Ќесендре, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Истовремено, денеска комплетно се асфалтираше улицата  ,,Вардарска" и ровот на дел од улица ,,Шишка". На оваа улица претходно се постави атмосферска канализација. Овој проект е дел од грант доделен на општина Кавадарци, од германската банка за развој КФВ, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму се осврнаа на низа активности на коишто се работеше во изминатиот период, а најавија и дел од проектите што ќе се реализираат во иднина. свд/сх/

Остани поврзан