• понеделник, 07 октомври 2024

Сане на списокот повредени во Баерн 

Сане на списокот повредени во Баерн 

Минхен, 17 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, извесен период ќе отсуствува од терените поради повреда, соопшти денеска актуелниот германски првак. 

-Лекарските прегледи покажаа дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на вчерашната победа над Фрајбург (5-0), се наведува во клупското соопштение. 

Баерн не прецизираше колку долго ќе трае рехабилитацијата на Сане. 

Германскиот репрезентативец одигра 76 минути против Фрајбург и постигна еден гол. 

Сане (26) сезонава настапи на 16 натпревари за Баерн во сите конкуренции и постигна 10 голови. ег/паг/ 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан