• четврток, 26 декември 2024

Санду: Молдавија се подготвува за можен прекин во испораката на гас од Русија

Санду: Молдавија се подготвува за можен прекин во испораката на гас од Русија
Кишињев, 29 април 2022 (МИА) - Молдавските власти се подготвуваат за можен прекин во испораката на гас од Русија, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду. - Секој ден се одржуваат состаноци и седници во енергетскиот сектор, бидејќи тоа е најголем проблем. Ако Газпром ја прекине испораката, имаме резерви во магацините на територијата на Романија. Покрај тоа, гас можеме да купиме на пазарот, властите се подготвуваа. Гас ќе има, ако не од Газпром, тогаш од други извори, но, цената е многу висока, појасни Санду. Властите сакаат да го избегнат ризикот да останат без гас, како што нагласи претседателката, а клучниот проблем е цената, што значително се зголеми поради ситуацијата во регионот. Претходно, Санду изјави дека Молдавија нема да може да се откаже од испорака на руски гас, бидејќи нема алтернатива. бд/гт/

Остани поврзан