• среда, 25 декември 2024

Санду: Молдавија се подготвува за евентуални вонредни ситуации

Санду: Молдавија се подготвува за евентуални вонредни ситуации
Кишињев, 4 мај 2022 (МИА) – И покрај провокациите на проруските сепаратисти во изминатите денови, Молдавија не гледа непосредна закана од прелевање на немирите од Украина, но прави планови за вонредни ситуации и песимистички сценарија, изјави денеска молдавската претседателката Маја Санду. Таа и молдавска Влада за инцидентите ги обвинија „сепаратистичките фракции кои поттикнуваат војна“ во отцепеното Придњестровје. Санду исто така го осуди и коментарот на руски генерал кој рече дека една од воените цели на Москва е да ја окупира украинската територија и да се поврзе со сепаратистите во Молдавија. Киев претходно ја обвини Москва дека се обидува да ја вовлече Молдавија во војна, а Кремљ изрази загриженост за ситуацијата во сепаратистичкиот регион на Молдавија, каде Русија по распадот на СССР има стационирани стотици свои војници. ми/

Остани поврзан