• среда, 25 декември 2024

Санација на помошни објекти на комплексот „Робевци“ во Охрид 

Санација на помошни објекти на комплексот „Робевци“ во Охрид 

Охрид, 4 ноември 2024 (МИА) – Со средства обезбедени преку програмата на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата се спроведува реконструкција и адаптација на помошен објект до Магазата што е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“ во Охрид.

Отпочнати се зафати за промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, а поставен е и нов под од гранитни плочи.

На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја.

Реконструкцијата е во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект што служи како депо на археолошки наоди. аб/са/

Фото: Завод и музеј Охрид

 

 

Остани поврзан