• понеделник, 29 јули 2024

Сампдорија со зголемен број на заразени од коронавирус

Сампдорија со зголемен број на заразени од коронавирус
Џенова, 18 март 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанко изјави дека најмалку 15 лица во клубот се веќе заразени со коронавирус кој се шири низ Италија и Европа. Пред само неколку дена, петмина играчи на тимот излегоа позитивни за вирусот, при што вториот играч во Серија „А“, кој беше позитивен, беше стрелецот од Џенова, Маноло Габиадини. Јанко вели дека од тогаш бројот на заразени лица постојано се зголемува. - Јас и целото семејство сме во карантин во нашиот стан, па затоа е жално да се ограничиме на толку мал простор. Јас бев во директен контакт со некои мои соиграчи кои се болни. Оттогаш, случаите се веќе 15 или повеќе, опиша тој. Тој сепак изјави дека не е сигурен дали е болен со коронавирусот. - Засега се чувствувам добро, но можеби симптомите сè уште не се активирани. Јас се обидувам да ги следам упатствата и да не размислувам за тоа, посочи фудбалерот.

Остани поврзан