• четврток, 26 декември 2024

Само 10 минути трчање на ден го продолжува животот

Само 10 минути трчање на ден го продолжува животот

Лос Анџелес, 10 јануари 2023 (МИА) - Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно.

Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80 отсто од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот. Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање.

- Иако има луѓе кои ги поместуваат границите на трчањето, како оние кои учествуваат на маратони, на пр., има предности и од покусите трчања, како што се оние од 10 минути дневно, објаснува Бол.

Само 10 минути трчање дневно се одлични за согорување калории и за губење на тежината за секој што има за цел да намали некој вишок килограми.

- Трчањето е одлична кардиовежба и неверојатен начин да ги постигнете вашите цели на слабеење. Во зависност од вашата брзина и тежина, може да очекувате да согорите околу 150 калории трчајќи само 10 минути, додава Бол.

Покрај тоа, кусото секојдневно трчање помага да се зајакнат мускулите на нозете, густината на коските, како и подобрување на здравјето на срцето и крвоточниот систем, а на крајот и на психичкото здравје.  си/

Остани поврзан