• недела, 24 ноември 2024

Само едно згрижувачко семејство во Струга, но има интерес кај граѓаните

Само едно згрижувачко семејство во Струга, но има интерес кај граѓаните

Струга, 28 февруари 2023 (МИА) - Само едно згрижувачко семејство со три деца има во Струга, но постои интерес кај граѓаните, информира директорот на Центарот за социјални работи Мевмед Халили.

Тој вели дека се посветени во подигање на свеста кај граѓаните за значењето на згрижувачките семејства и придобивките кои ги имаат корисниците, преку постојана едукација за што помогнала и националната капмања „Подари рака – промени живот стани згрижувач“.

- Секогаш при директна комуникација со граѓаните им посочувам дека кога на едно дете му подаруваме топол и сигурен дом подаруваме иднина која значи среќа. Тоа им овозможува и правилен раст и развој на децата. Со спроведувањето на националната кампања забележувам зголемен интерес кај граѓаните. Доаѓаат во Центарот за социјални работи, прашуваат и очекувам дека бројот на згрижувачки семејства во струшко ќе се зголеми, изјави Халили за МИА.

Процедурата да се стане згрижувач, појаснува дека не е комплицирана, а за едно згрижено дете држвата исплаќа надомест од 16.730 денари месечно, за две по 14.550 денари, додека за три деца по 13.100 денари. сс/цр

фото:МИА

Остани поврзан