• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС

Само еден гол за Меси во петте претсезонски дуели на Интер Мајами пред почетокот на сезоната во МЛС

Мајами, 16 февруари 2024 (МИА) - Аргентинецот Лео Меси постигна само еден гол, и тоа од пенал, на петте претсезонски пријателски натпревари на Интер Мајами.

На натпреварот против Њуелс Олд Бојс (1:1), напаѓачот се најде во стартниот состав, одигра 60 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Меси постигна гол само против Ал-Хилал (3:4).

На мечот со Висел Кобе (0:0, 3:4 по пенали) Меси влезе како резерва во 60. минута. 
Против Ал-Наср (0:6) на теренот се појави во 83. минута, во пресметката против Ал-Хилал беше стартер и одигра 88 минути. Против Далас (0:1) Меси одигра 64 минути.

Интер Мајами ќе ја започне сезоната во МЛС на 22 февруари со меч против Реал Солт Лејк. дс

Фото: Фејсбук/Интер Мајами

Остани поврзан