• четврток, 26 декември 2024

Само бод за Барселона на дуелот со последно пласираниот Еспањол

Само бод за Барселона на дуелот со последно пласираниот Еспањол
Барселона, 5 јануари 2020 (МИА) – Иако важеше за огромен фаворит, тимот на Барселона одигра само 2:2 со последно пласираната екипа на табелата во Примера, Еспањол на синоќешното градско дерби. Каталонскиот гигант пропушти шанса да ја врати разликата во однос на Реал Мадрид, па сега двете екипи на точно половина од сезоната (по 19 кола) се изедначени на врвот на табелата со по 40 бода. По нив следува Атлетико Мадрид со 35 кој синоќа го совлада Леванте со 2:1. Кругот на најсериозни претенденти за титулата се затвора со Севиља која исто како и Атлетико на половина од првенството собра 35 бода. зс/

Остани поврзан