• недела, 24 ноември 2024

Самостојна изложба на „Пчела“ на Љубе Алексовски

Самостојна изложба на  „Пчела“ на Љубе Алексовски

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, денеска во малиот салон на Галеријата „КО-РА“ ќе биде отворена самостојната изложба „Пчела“ на Љубе Алексовски по повод 40-годишниот јубилеј.     

Љубе Алексовски е роден во Куманово. По завршувањето на Педагошка академија, и Факултет за ликовна уметност (педагошка насока), покрај педагошката дејност тој активно се занимава со сликарството. Организатор е и учесник е на повеќе ликовни колонии. Активно и континутирано учествува и во многубројни групни изложби, тематски и други мултимедијални проекти, како и во бројни мултикултурни изложби, во земјата и во странство: во Отава, Канада, во Вашингтон- САД,  Виена, Австрија... Реализирал и повеќе самостојни изложби кои ги одбележува разнородна тематика, како и разнороден стилски и изразен дискурс.

- Неговите дела ги карактеризира ведра палета со широк хромастки спектар кој има дава витална енергија во постојано преобликување на бројни симболи  кои ја доловуваат и сугерираарт алузијата, алегоријата, илузијата, неговата чудесна визија и порака која е често синтеза на разнородни сегменти од повеќе различни култури  и цивилизации каде се надополнуваат визуелното, духовното, мудроста, визијата и пораката преточени во  регистар на разнородни симболи, знаци , елементи и сегменти кои го карактеризираат и одразуваат неговиот специфичен и препознатлив ликовен  наратив, истакнува Виолета Калиќ пишувајќи за неговата самостојна изложба.  

Познати се неговите мурали на повеќе јавни објекти низ земјава, како ликовни и просторни интервенции на повеќе јавни објекти, често и со ангажирана тематика, од аспект на заштита на природата. Учесник е и во телевизиска програма. Иницијатор е на повеќе проекти од ангажиран карактер. Претседател е на Здружението за уметност „ЗУМ  92“  и „Зум 2002- Љубеизам“ со кое организира повеќе ликовни изложби и други проекти.

Oвој проект е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје,  во рамките на Годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура за 2024година. ев/нд/

Фото: Плакат 

Остани поврзан