• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Самостојна изложба на Мице Јанкуловски во Букурешт

Самостојна изложба на Мице Јанкуловски во Букурешт

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во галеријата „Галатека" во Букурешт во Романија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Мице Јанкуловски, насловена „Над црното". 

Куратори на изложбата се Анка Боериу од Романија, универзитетски професор на Националната академија за уметност во Букурешт и Корнелија Конеска од Македонија.

Јанкуловски, со изложбата „Над црното" во „Галатека“ се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо II" и сегмент од три дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана".бт/вј/

Фото: МИце Јанкуловски

Остани поврзан