• среда, 13 ноември 2024

Самостојна изложба на Менсур Бојда

Самостојна изложба на Менсур Бојда
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Во просториите на Грал галерија во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда насловена „Принтана едиција”. „Принтана едиција” е колекција од 25 селектирани дела од различни периоди и различни техники. Колекцијата содржи репродукции од цртежи, слики, дела од серијалот насловен „Моите омилени нешта” и последниот проект „Шинаи”, изработени во офсет, дигитална и традиционални графички техники. Менсур Бојда е ликовен уметник кој живее и работи во Њујорк. Тој е фигуративен експресионист и од негов интерес се ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип. свс/бак/

Остани поврзан