• вторник, 12 ноември 2024

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили 

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили 

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили.

На отворањето ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија.

Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и ќе биде достапна до 18 декември.

Ќахили првпат изложува во Националната Галерија, а овој проект е во рамките на билатералната културна размена меѓу Република Северна Македонија и Косово.

Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. свс/бак/

Фото: Национа галерија

Остани поврзан