• среда, 18 декември 2024

Самит „АгриТек 2024“ за унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации

Самит „АгриТек 2024“  за унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи самитот АгриТек 2024 кој во фокусот го става унапредувањето на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации. Целта на самитот е да обедини лидери од владата, индустријата, академската заедница и меѓународните организации за да дискутираат за иднината на земјоделството и да истражат иновативни решенија за неговиот развој, да се истакне трансформативната моќ на технологијата за модернизација на земјоделскиот сектор, како и справување со климатските предизвици и подобрување на продуктивноста и одржливоста.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за дигитална трансформација, Цветан Трипуновски и Стефан Андоновски, регионалниот советник за земјоделство во Германската амбасада Франк Мулер, дректорот на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Давид Оберхубер и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Никола Додов.

Во рамки на настанот се предвидени и презентации од експерти, искуства од земјоделци кои користат иновативни решенија, како и панел-дискусија со претставници од IME, USAID, UNDP, Wines of Macedonia и академската заедница.

Организатор на АгриТек Самит 2024 е Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во партнерство со Area Science Park (ASP). Настанот е поддржан од BMWK и Central European Initiative (CEI). мч/хс/

фото: плакат  

Остани поврзан