• четврток, 26 декември 2024

Самитот на ЕУ, по маратонските разговори во текот на ноќта, продолжува и денеска

Самитот на ЕУ, по маратонските разговори во текот на ноќта, продолжува и денеска
Брисел, 20 јули 2020 (МИА) - Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. По вчерашните осумчасовни разговори и консултации во различни формати, на третиот ден од самитот, лидерите на ЕУ 27синоќа повторно се собраа на пленарна, заедничка работна вечера, за да направат 45-минутна пауза пред полноќ. Иако беше најавено дека заедничката расправа на сите 27 претседатели и премиери на ЕУ за пакетот за закрепнување ќе започне уште во недела напладне, се до вечерните разговорите се одржуваа одделно, како меѓу претставниците на земјите-членки, така и со посредство на претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел. Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел разговараа за пакетот вреден 1,824 милијарди евра, што вклучува повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за заздравување (750 милијарди евра). Досега не е постигнат договор ниту за големината на пакетот, ниту за односот  на неповратната помош и заемите на кои земјите-членки можат да сметаат од фондот за закрепнување, како и за условите за управување со парите. Како што пренесуваат странските агенции, разговорите ќе продолжат денеска околу пладне. Баренд Лејтс, портпарол на домаќинот на состанокот и претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Твитер напиша дека 27-те лидери, по разговорите во текот ноќта, ќе продолжат со дискусиите во помали групи. паг/  

Остани поврзан