• среда, 25 декември 2024

Сали: Се чека одговор од турските власти за тоа што им е потребно, два тима веднаш се подготвени да се упатат кон погодените места од земјотресот

Сали: Се чека одговор од турските власти за тоа што им е потребно, два тима веднаш се подготвени да се упатат кон погодените места од земјотресот

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) -  Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци.

Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.

Исто така, како што посочи тој, двете комбиња специјализирани за интензивна нега што ги добиваме како донација за Клиниката за педијатрија, комплетирани со два тима од доктор, шофер и медицинска сестра се подготвени да заминат до погодените места, но како што вели Сали, мора прво да се испочитуваат сите протоколи за комуникација, односно да го добиеме одговорот од Турција за тоа што конкретно им е потребно.

Сали информира и дека има список на лекови кои го обезбедиле преку компании и донатори кои исто така ги ставаат на располагање. мс/свс/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан