• вторник, 20 јануари 2026

Сали - Ќехаја: Продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција

Сали - Ќехаја: Продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Владата се сретна со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопштија од МЕП.

На средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат двете институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот.

Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција. сст/вј/

Фото МЕП



Остани поврзан