• среда, 25 декември 2024

Салиу се сретна со германската амбасадорка Дрекслер, во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите

Салиу се сретна со германската амбасадорка Дрекслер, во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030 Шабан Салиу денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. 

На средбата, како што информира Кабинетот на министерот Салиу, германската амбасадорка Дрекслер ја изрази својата загриженост и подготвеност за соработка во насока на подобрување на општата состојба на Ромите, со акцент на домувањето и проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родените.

- Амбасадорката беше запознаена со ингеренциите на Кабинетот и фактичката состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Дискутиравме и за заклучоците од Министеркиот состанок за ромската интеграција 2024, што се одржа во Берлин во организација на германската влада, се наведува во соопштението. мд/aa/

Фото: Кабинет на министерот Салиу 

 

Остани поврзан