• четврток, 26 декември 2024

Саливен утре во посета на Израел

Саливен утре во посета на Израел

Вашингтон, 13 декември 2023 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливен планира утре да го посети Израел, а во петок да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

Покрај Нетанјаху, Саливан ќе се сретне и со израелскиот воен кабинет и со израелскиот претседател Исак Херцог, со кои ќе разговара за последните случувања во Израел и Газа.

Патувањето доаѓа во време на отворени тензии меѓу американскиот претседател Џо Бајден и Нетанјаху во врска со израелската воена операција во Газа што следеше по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас.

Според официјални лица на Хамас, во израелските напади врз Газа загинале околу 18.000 луѓе, а 50.000 биле повредени.

Бајден вчера изјави дека Израел почнува да ја губи поддршката поради „неселективното“ бомбардирање на Газа, додавајќи дека Нетанјаху треба да ја промени својата „тврдокорна“ влада. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан