• среда, 25 декември 2024

Саливен: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот

Саливен: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот

Вашингтон, 5 јуни 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД сè уште чекаат одговор од милитантната група Хамас на израелскиот предлог за прекин на огнот, што во петокот го претстави американскиот претседател Џо Бајден, јавуваат британските медиуми.

-Очекуваме одговор од Хамас преку катарските посредници, рече Саливан и најави дека директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс ќе разговара во Катар со посредниците за предлогот за прекин на огнот.

Катар е посредник во разговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, а во вторникот до Хамас го достави трифазниот предлог што го презентираше претседателот Бајден.

Портпаролот на Хамас вчера истакна дека групата не може да се согласи на каков било договор доколку Израел не се обврзе на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Газа.

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати повтори дека нема да има траен мир додека Хамас не биде уништен.

Планот претставен од Бајден во петокот беше поддржан од Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија, додека Јордан, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Обединетите Арапски Емирати ги повикаа Израел и Хамас да го разгледаат планот „сериозно и позитивно. “. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан