• сабота, 23 ноември 2024

Саливан идната недела во посета на Кина

Саливан идната недела во посета на Кина

Вашингтон, 23 август 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, следната недела ќе ја посети Кина за да се сретне со министерот за надворешни работи Ванг Ји, објави денеска порталот Аксиос, повикувајќи се на три извори.

Се очекува Саливан и Ји да разговараат за потенцијална средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа година.

Аксиос објави дека посетата на Саливан на 27 и 29 август доаѓа во време кога во САД, демократската претседателска кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп зазедоа остри ставови за Кина, особено за царините. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан