• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

Дафран, 19 мај 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Се наведува дека Бин Салман и високиот функционер на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ до решение за две држави“ за Израел и Палестинците, начините за завршување на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан