• сабота, 23 ноември 2024

Саливан: Бајден ќе бара од Конгресот и Трамп да не ѝ вртат грб на Украина

Саливан: Бајден ќе бара од Конгресот и Трамп да не ѝ вртат грб на Украина

Вашингтон, 10 ноември 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе им каже на американскиот Конгрес и на идната администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон не треба да ѝ го сврти грбот на Украина бидејќи тоа може да поттикне нова нестабилност во Европа, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

- Претседателот Бајден ќе даде изложи аргумент дека ни треба континуирано финансирање за Украина по завршувањето на неговиот мандат, рече Саливан во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Саливан рече дека Бајден ќе разговара за главните приоритети на американската внатрешна и надворешна политика со новоизбраниот претседател Доналд Трамп кога ќе се сретнат во Белата куќа в среда. јт/

Остани поврзан