• среда, 25 декември 2024

Салвини вели дека има добри шанси неговата „Лига“ да се приклучи кон групата на Орбан во ЕП

Салвини вели дека има добри шанси неговата „Лига“ да се приклучи кон групата на Орбан во ЕП

Рим, 1 јули 2024 (МИА) - Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини денеска изјави дека има добри шанси неговата партија „Лига“ да ја прифати поканата да се приклучи кон новиот сојуз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, „Патриоти за Европа“, соопшти италијанската новинска агенција АНСА.

Засега во групацијата се вклучени партијата ФИДЕС на Орбан, крајнодесничарската австриска Партија на слободата и чешкото популистичко движење „Акција на незадоволни граѓани (АНО).

- Приклучувањето кон тие кои ги ставаат на прво место работните места, семејството и иднината на младите луѓе, ми изгледа како добар пат, изјави Салвини во изјава за радио РАИ.

- Тоа е нешто за кое „Лига“ одамна се залага. Во моментот ги разгледуваме документите, но ова ми изгледа како вистинскиот пат, потврди италијанскиот вицепремиер.

„Лига“ моментално членува во групата „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент, каде членуваат и „Националниот собор“ на Марин Ле Пен и каде до скоро членуваше и австриската Партија на слободата.

Партијата ФИДЕС на Орбан во моментов не членува во ниту една група во ЕП, откако пред две години се повлече од Европската народна партија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан