• среда, 18 декември 2024

Салах сака утре да ги продолжи тренинзите со Ливерпул и да игра со Лестер во четврток

Салах сака утре да ги продолжи тренинзите со Ливерпул и да игра со Лестер во четврток
Ливерпул, 7 февруари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах му порача на клубот дека има намера да се врати на тренинзите утре, 8 февруари. Дваесет и деветгодишниот играч од средниот ред вчеравечер одигра 120 минути во финалниот натпревар од Африканскиот куп за репрезентацијата на Египет против Сенегал (0:0, 2:4 на пенали). Салах веќе пристигна во Англија. Утре сака да започне со подготовките за премиерлигашкиот натпревар против Лестер закажан за в четврток. Се очекува Ливерпул да му организира план за индивидуален тренинг. Египјанецот прво ќе биде подложен на лекарски преглед. Салах ги одигра во целост сите седум натпревари на Африканскиот куп на Египет, вклучително и четири натпревари од плејофот, од кои секоја траеше по 120 минути. зс/

Остани поврзан