• среда, 25 декември 2024

Салах сака да го напушти Ливерпул по заминувањето на Клоп

Салах сака да го напушти Ливерпул по заминувањето на Клоп

Ливерпул, 20 април 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах има намера да го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок.

Како што објави „The Sun“, одлуката на Египќанецот е поврзана со заминувањето на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп. 

Претходно се дозна дека германскиот стручњак ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Главен претендент за Салах е Ал-Итихад. Раководството на клубот од Саудиска Арабија е подготвено да плати 233 милиони евра за играчот.

Сезонава 31-годишниот Салах одигра 38 натпревари на кои постигна 24 гола и имаше 13 асистенции. Договорот на фудбалерот со тимот е до крајот на јуни 2025 година. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Салах на 65 милиони евра.

Ливерпул е трет во англиското првенство со 71 бод од 32 натпревари. Лидер е Манчестер сити со 73 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан