• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Салах до навивачите на Ливерпул: „Поминав осум години овде и дадов се од себе“

Салах до навивачите на Ливерпул: „Поминав осум години овде и дадов се од себе“

Ливерпул, 26 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, откако навести можен крај на неговото патување со тимот, изрази благодарност до навивачите за поддршката.

-Сакам навивачите да паметат: Дадов се за нив и за овој град. Уживав во фудбалот, давав се од себе и секогаш давав максимум. Мислам дека тоа е она што е најважно - тие ти ја даваат својата љубов и ти си поврзан со нив затоа што се даваш целосно. Само сакам да знаат дека овде поминав осум години и дадов се од себе, изјави Салах, цитиран од ТНТ Спортс.

Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Оваа сезона 32-годишниот напаѓач на 38 натпревари постигна 30 голови и 21 асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан