• четврток, 26 декември 2024

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница
Амстердам, 30 март 2020 (МИА) - Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи натпреварот за песна на Евровизија  ќе се претвори во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија. Раководството на салата соопшти денеска дека почнале да се поставуваат првите 88 од планираните 680 болнички кревети. Ахој салата ќе се отвори наскоро и во неа ќе се сместуваат пациенти со коронавирус или други болести на кои им е потребна нега, но не мора да бидат во болница. Тоа ќе го намали притисокот врз болниците во Холандија, каде што бројот на заразени нагло се зголеми од моментот кога беше пријавен првиот случај, на 27 февруари. Холандскиот Национален институт за јавно здравје вчера предупреди дека капацитетот на одделенијата за интензивна нега може да се надмине во наредните недели по оваа стапка на заразување. јт/зш/

Остани поврзан