• четврток, 26 декември 2024

Сакеларопулу со поддршка до Вартоломеј за Света Софија

Сакеларопулу со поддршка до Вартоломеј за Света Софија
Атина, 14 јули 2020 (МИА) - Одлуката на Турција, Света Софија од споменик да стане џамија била тема на одделните телефонски разговори на грчката претседателска Катерина Сакеларопулу со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу, на Вартоломеј му изразила поддршка и солидарност во име на грчкиот народ. -Исто така, ја истакна и волјата, на секој начин да придонесе во подигањето на свеста и мобилизирањето на меѓународната заедница за Света Софија да остане екуменски споменик на културата и религиозниот дијалог, соопштија од кабинетот на Сакеларопулу. Грчкиот премиер, од своја страна со претседателот на Европскиот совет разговарал за прашањата што ќе бидат на агендата на самитот на ЕУ во петок, како и за „провокативните активности на Турција да ја претвори Света Софија во џамија“.ср/сд/

Остани поврзан