Сакеларопулу: Грција дава поддршка на европскиот пат на балканските држави
- Грција стана сила на регионалната стабилност и безбедност во поширокиот регион и дава поддршка на европскиот пат на балканските држави, во согласност со рамката на ЕУ, принципот на исполнување на предусловите и почитување на меѓународните обврски, истакна грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во нејзиниот говор на почетокот на дводневната конференција „Грција 1974-2024: 50 години надворешна политика“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 12 декември 2024 (МИА) – Грција стана сила на регионалната стабилност и безбедност во поширокиот регион и дава поддршка на европскиот пат на балканските држави, во согласност со рамката на ЕУ, принципот на исполнување на предусловите и почитување на меѓународните обврски, истакна грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во нејзиниот говор на почетокот на дводневната конференција „Грција 1974-2024: 50 години надворешна политика“, јави дописничката на МИА од Атина.
Сакеларопулу говореше за грчката надворешна политика и нагласи дека „најголемото и највлијателно достигнување за земјата беше членството Европската Унија, а потоа и во еврозоната“.
-Всушност, тоа, како ниеден друг настан, го дефинираше и го промени секојдневниот живот на Грците, решително придонесе за подобрување на животниот стандард и консолидација на меѓусебната поврзаност на европскиот и грчкиот идентитет. Постоеше промена на парадигмата во нашата модерна историја бидејќи го консолидираше нашиот политички, општествен и вредносен хоризонт. Европа не може да се замисли без Грција и Грција е нејзин нераскинлив дел, не само историски, туку и активно, како рамноправен партнер и столб на Унијата во регионот на Балканот и Источниот Медитеран, посочи грчката претседателка.
Нагласи дека Грција секогаш се стремела кон добрососедски односи со сите земји од регионот, а конкретно за Турција рече дека „и покрај повремените кризи и провокации од Турција, Грција покажа искрена посветеност на дијалогот како средство за решавање на проблемите и градење иднина на мир и просперитет за двата народа“.
-Во исто време, никогаш не ги прифативме опасните ревизионистички доктрини, закани за употреба на насилство или незаконски акти на терен. Нашиот национален суверенитет, територијален интегритет и суверени права никогаш не биле и нема ставени за преговарање, истакна Сакеларопулу. ср/сд/