• недела, 24 ноември 2024

Сакашвили префрлен во затворската болница

Сакашвили префрлен во затворската болница
Тбилиси, 8 ноември 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, кој е во затвор и штрајкува со глад од почетокот на октомври, денеска е префрлен во затворската болница. - За да се избегне влошување на здравствената состојба на Михаил Сакашвили и поради зголемен ризик по неговата безбедност, тој од затвор е префрлен во здравствената институција за притвореници, се наведува во соопштението од затворот. Сакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а во земјата се врати на 1 октомври по осумгодишен егзил. Веднаш по враќањето во татковината Сакашвили е уапсен поради пресуда од 2018 година за злоупотреба на положбата. Него му се судеше во отсуство. ми/

Остани поврзан